Започнувањето, развивањето и одржувањето на човечките односи е една од најголемите достинувања на човековата раса.
На примарно ниво на нашиот мозок му се потребни здрави и нормални односи за развивање на позитивни чувства. Сепак, реалноста е поразлична и сведоци сме на низа негативни искуства кои будат во нас најразлични тажни чувства.
Поради ваквата ситуација, прочитајте повеќе за 4те причини поради кои офрлањето толку не боли и воедно согледајте најразлични начини за справување со истото.
Вие го поставувате вашиот партнер на прво место
Доколку се чувствувтае лошо во определена врска треба да се запрашате дали го глорифицирате вашиот партнер до тој степен да изгледа подобро од вас во секој поглед?
Кога се чувствуваме отфрлено, нашиот мозок почнува да размислува дека личноста која не отфрлила е подобра од нас. Треба да разберете дека отфрлањето означува само дека вие повеќе нема да можете да бидете поврзани со таа личност. Отфрлањето не е секогаш точно и повеќе има врска со минатото на вашиот партнер и неговиот проблем со поврзување, отколку со вас. Запомнете секој човек не е совршен. Колку и да се борите со фактот дека сте отфрлени од некоја личност имајте на ум дека и таа си води свои борби.
Oчекувате брзо стекнување на интимност, а не вистинска интимност
Бидете свесни доколку почнете да ја персонализирате врска со личноста која ве отфрлила. Размислете подобро дали конекцијата со човекот кој ве отфрлил била вистинска и длабока? Дали ја познавате личноста на подабоко ниво или станува збор за страствена врска започната пред кратко време? Доколку се чувствувате депресивно и поразено, испитајте подобро дали вие сте го преувеличиле моментот на блискост со вашиот поранешен партнер.
Верувате дека сте целосно емотивно осакатени
Најчести мисли кои поминуваат низ вашата глава после раскинување се дека вие никогаш нема да најдете некој, јас сум секогаш личноста која што е оставена, мажите/жените не ме сакаат и сл. Вие не сте ништо од овие работи, само потребно ви е време да ви легнат работите и повторно ќе бидете способни да сакате некој друг.
Искусувате паника од осаменост
Мислата дека вие сте секогаш личноста која што е оставена е навистина ужасна. Стравувате дека засекогаш ќе останете сами и дека нема да можете да пронајдете партнер со кој ќе развиете длабока и долготрајна врска. Престанете да се сожалувате, ниту еден од овие податоци не се вистинити. Доколку ве фати паника дека вие ќе останете сами во животот, почнувате да станувате очајни. Верувајте дека за секого има по некој, само треба да го пронајдете.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















