Луѓето многу често забораваат на својата сегашност, поради тоа што се опседнати со минатото и иднината.
Кога ќе размислите сигурно ќе сфатите дека и вие често пати размислувате за тоа што ќе се случува во иднина или пак размислувате за некои работи кои се случиле во минатото. Таквите размислување често пати прават да се запрашувате Што ако беше вака или онака или пак се загрижувате за тоа што ќе се случува понатаму.
Но, сите овие работи прават да испуштите голем дел од работите кои се случуваат во сегашноста, па поради тоа за да го избегнете тоа живејте го моментот.
Тргнете ги сите непотребни предмети
Навистина е потребно да ги тргнете работите кои ве потсетуваат на минатото. Покрај тоа, кога околу вас имате расчитен и поголем простор, тогаш се чувствувате многу подобро. Минимализмот ви помага да живеете во сегашноста.
Не им дозволувајте на мислите да ве контролираат
Мислите многу лесно можат да ве контролираат и да прават постојано да се концентрирате на тоа што се случило или на тоа што ќе биде. Вие сте силни и можете да ги контролирате вашите мисли! Затоа, концентрирајте се на сегашноста и ослободете го умот од непотребни мисли.
Не практикувајте мултитаскинг
Секогаш завршувајте една работа, па потоа започнете со друга. Кога подготвувате јадење, тогаш правете го само тоа. Кога пишувате имејл, тогаш само пишувајте. На тој начин ќе живеете во моментот. Фокусирањето на една работа, една задача, една ситуација и една личност ќе ви помогне повеќе да ја почувствувате сегашноста.
Сакајте ја вашата работа
Не дозволувајте одењето на работа да ви предизвикува непријатни чувства. Работата е место каде што одите пет или повеќе денови од неделата, па поради тоа треба да биде нешто што го сакате и ве исполнува.
Заборавете на грижите
Ако постојано се грижите и размислувате околу работите, тогаш никогаш нема да бидете вистински среќни. Не губете време на непотребни работи, бидејќи можете да ги испуштите оние кои се важни. Ако во моментот не можете да решите некој проблем, тогаш не дозволувајте грижата да уништи сè.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















