Сите ние имаме пријател во нашите животи кој постојано се жали. Справувањето со таквото однесување може да биде исцрпувачко дури и за најпозитивните меѓу нас.
Со промена во перспективата и некои совети од експертите, ќе бидете во можност да се вооружате со алатки за успешно да се снајдете во таква ситуација.
Ако чувствувате нелагодност да бидете околу некој што е хронично вознемирен, критичен или лут, постојат некои клучни работи што треба да се имаат на ум што да правите (а што да не направите) за да го зачувате мирот и вашиот здрав разум.
Не осудувајте
Негативните луѓе обично не се гледаат себеси на тој начин. Во нивните умови, светот е она што е негативно и тие едноставно реагираат на тоа. Исто така, можеби нешто се случува зад затворени врати за кое не сте свесни, па затоа обидете се да не осудувате во вашиот пристап. Негативноста може некогаш да значи и крик за помош. Можно е ова лице да биде вознемирено или пак несигурно заради одредена животна ситуација така што пробајте да понудите поддршка, така што ќе се потрудите да разберете што е проблемот.
Не дозволувајте чувствата да ве обземат
Кога некој ве фрустрира со негативниот став, секогаш длабоко вдишувајте пред да реагирате. Постојат две клучни работи како да се справите со ваков тип луѓе: бидете добар слушател и внимавајте на вашата тенденција да прекинете, дури и ако не се согласувате. Бидете свесни за вашиот тон и говорот на телото, бидејќи негативните луѓе можат да гравитираат кон другите кои реагираат силно. Доколку во спротивно завземете одбранбен став и дозволите чувствата да ве обземат само ќе ја „подгреете” ситуацијата.
Воспоставете и одржувајте позитивна граница
Кога некој постапува на начин што ви предизвикува чувство на непријатност или огорченост, тогаш најверојатно ја преминува граница, и од вас зависи да одлучите како да се заштитите. Се разбира, поставувањето граници е полесно да се каже отколку да се направи. Границите не се само знак за здрава врска, тие се знак на самопочит.
Запрашајте се: “Што од ова е во моја корист?”
Кога станува збор за токсични луѓе, секогаш се фиксираме дека тие се тешки луѓе за справување, но самата помисла им дава сила на такви луѓе над вас. Престанете да размислувате и да разговарате за тоа како да ве вознемирува тешка личност, туку фокусирајте се на тоа како можете да се дружите со истите.
Понекогаш, без да знаеме, одржуваме негативни или токсични односи за нашата сопствена себична добивка. Со тоа што ќе дозволиме ова да се случи, ние се откажуваме од целата контрола на нашите граници. За најдобро да ги поддржуваме другите, треба прво да бидеме најдобрата верзија на самите нас.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















