20 семејства одбило да го посвојат ова мало девојче, а тогаш се појави Лука | Фото

318

Италијанецот Luka Trapanese стана сензација на социјалните мрежи поради неговиот пристап кон родителството, бидејќи прифатил да посвои едно мало убаво девојче.

Овој млад човек ќе ги сруши сите ваши предрасуди!

Тој ги предизвикува стереотипите околу идејата за татковството и традиционалното семејство. Trapanese е геј, католик, сингл – и пред една година решил да посвои девојче со Даунов синдром.

Таа имала само месец дена кога веќе била одбиена за посвојување од повеќе од дваесет семејства, а ова мало девојче со руса коса му го променила животот.

– Од својата 14-та година, волонтирав и работев со луѓе на кои им е потребна помош, па се чувствував дека имам соодветно знаење и искуство да го сторам тоа, изјавил Лука.

Отсекогаш сакал да стане татко, а потоа во 2017 година добил дозвола за посвојување под еден услов – според Би-Би-Си, самохран маж би можел да посвои дете со посебни потреби само тогаш кога тоа дете е одбиено од други традиционални семејства.