Историја на долната облека
Првиот грев , Адам и Ева ќе го покријат со лист од смоква срамејќи се од својата голотија, ненасетувајќи дека од гревот ќе се развие една од најмоќните индустриски гранки, производство на интимна облека.
Во Стариот Рим се користел терминот „intimus“ за марами обвиткувани околу градите и бедрата, која подеднакво ја користеле и мажите (древна унисекс варијанта).
Средниот век, мрачен и инквизиторски, ќе лансира мода на широки ногавици кои се шнирале со тенки врвки на меѓуножјето (може да го замислите моментот на зорт да се отшнира, а сѐ уште не биле патентирани ножици).
Маката го тера мажот на решенија и веќе во16 век шнирањето се усовршува во т.н. брагет, вреќичка украсена со вез, траки и полудраги камења (после ние жените сме биле сложена композиција)! За време на војните, брагетот се правел од метал, како заштитен панцир таму каде мажот е најчуствителен (среќа во несреќа е што за време на воените походи не можеле да бидат похотни, инаку секоја ерекција би била болно воздржување).
Единствената долна облека на жените биле долги кошули кои ги носеле под туники или фустани, а со истиот модел се служеле и мажите , но за разлика од жените тие биле модели кои им позирале на уметниците на средновековните слики и илустрации. Па ете, и жените се избориле уште од средниот век да станат инспиративни на уметниците позирајќи со интимни кошули (Шерон Стоун направи култен филмски кадар со машка кошула и боксерици).
Животна приказна | Шерон Стоун – Суровата страст на пустинскиот цвет | Фото/Видео
Продолжува на страна 3



















