Љубов … велат дека на таа емоција се одржува целиот свет, од микрокосмосот со макрокосмосот. Луѓето се плашат да бидат она за што се родени. А создадени се да сакаат. Да сакаат и да бидат сакани. Биохемиски процес во секое битие. Чувствуваш, не треба да се видиш. Скриено од разумот. Некаде во човекот, некои велат во срцето …
Тајна која ги поврзува сите. А потоа прашањето кое си го поставуваме сами себе: Зошто ни е сѐ вака? Зошто не можеме да ја направиме таа хармонија? Од каде толку зло? Мојот став е дека бараме “логичeн” одговор на нешто што нема никаква врска со логиката. Затоа што љубовта не е логична. Сакаме да ја затвориме во темен простор на рационалното. Така е сѐ едноставно. И ние правиме непотребни компликации.
Сакаме да бидеме паметни. Да, сакаме. Сакаме, што е најлошо од сѐ, да бидеме паметни заради другите, затоа што тоа од нас се очекува. Го идентификуваме своето слободно постоење со етиката на животот, обидувајќи се да се помират љубовта и правилата. Љубовта никогаш не ги запознала правилата, иако правилата често пати сакале да ја запознаат Љубовта, а до оваа средба никогаш не дошло, затоа што Љубовта ја одбила таа средба. Љубовта е Слободна, затоа што правилата не ја интересираат.
Луѓето го живеат живот по правила и се прашуваат колку е потребен дополнителен напор за да видат колку заради овие правила треба да имаат друг статус. За жал, тие на крајот се празни, затоа што правилата им налагаат да не смеат Слободно да сакаат. За да бидеш слободен да сакаш, прво мора да се ослободиш. Еволуција тогаш е револуција. Насекаде околу нас лицемери и кукавици. Го кршат зрното на храброста и гордоста скриени за “црните денови” во кутриот човек.
Човекот и понатаму бара потврда на своето постоење во друг човек. И повторно по некое правило, а генерално останува разочаран затоа што на тој друг човек повторно некој друг веќе порано му го уништил зрното на храброста и стремежот за промена. Деновите поминуваат, човекот повеќе не зборува, освен тоа што мора … Се смее и живее на сила, го крие своето ЈАС затоа што се плаши дека некој друг ќе го загрози. Вечната жед за љубов го менува вечниот страв од неуспех.
Да споредиме растение во саксија и растение во природа. Растението во саксија поради негрижа и недостаток на светлина и вода, едноставно умира и исчезнува … Бидејќи човекот се “грижи” за него. Се грижи “правилно.” Растението во природа не се плаши за својот опстанок, тоа е во хармонија со сите што го опкружуваат затоа што живее во тишина, не е оптеретено од стравови, со многу вода и светлина, ја враќа својата љубов на својот основоположник за тоа што постои …
И секој лист кој ќе падне на земјата, секоја капка роса во раните утрински часови, секој сончев поглед води кон едно, а тоа е смислата на убавината на животот. Нема лаги, без лицемерие, без страв, нема очај … Само Слобода и Љубов. Вистина за животот ….
Не се плашам, не стравувам, не ги сакам правилата!
Сакам да бидам слободен и да сакам, бидејќи тоа е најдоброто нешто што знам да работам. Ги сакам сите, без исклучок. Го гледам само она доброто, а тоа е она што и на другите им го посакувам. Не осудувам да не ми биде судено.
Бев врзан за правилата кои подразбираа “љубов.” Доброволно.
Измамен. Измамен. Измамен. Таму каде што ме доведоа и ми кажа дека тука е Љубовта, беше местото на човечкото страдање и пустош. Веќе долго време ја протерале Љубовта од таму …
Не знаев долго време како да излезам. А Љубовта ме повика кај себе и ме ослободи …
За Светлост во душата, Далибор Поповиќ