На децата кои не појадуваат често им се спие, послабо постигнуваат концентрација и со тешкотија ја следат наставата.
Добро балансирана и здрава исхрана се базира на земање разновидна храна, која ги обезбедува сите потребни хранливи состојки и оптимален дневен внес на енергија, која овозможува нормален раст и развој на децата. Резултатите од систематските прегледи на учениците од основните и средните училишта покажуваат зголемена телесна тежина кај околу 10% од учениците и 7,8% на ученичките.
Со внесување на хранливи состојки, телото ја одржува ефикасноста и активноста, се обезбедува висока енергетска активност и отпорност на болести. Храната која ја јадеме мора да биде балансирана со физичките потреби и да содржи доволна количина на калории, протеини, јаглени хидрати, масти, витамини и минерали.
- Исхраната на училишните деца мора да се заснова на пирамидата на здрава исхрана.
- Основата на пирамидата ја сочинуваат производите од житни култури, вклучувајќи го и оризот (белиот и кафениот), овесот, тестенини и леб, по можност да биде црн или интегрален, бидејќи е богат со растителни влакна. Тие производи се одличен извор на Б-витамини. Многу важни намирници се и мешунките (грав, грашок, леќа, боб).
- Секојдневно треба да се јаде многу зеленчук, особено лиснато зелен како спанаќ, блитва, како и свежото овошје. Овие намирници се богат извор на витамини и минерали и растителни влакна, а освен тоа содржат ниска количина на масти.
- Третиот степен на пирамидата се состои од млечните производи (јогурт, млеко, урда), посно месо, живина, риба и јајца. Тоа се намирници богати со протеини, кои се основен прехранбен материјал за изградба на клетките, производството на хормони и ензими. Млекото и млечните производи се главен извор на калциум, кој влијае на раст и развој, ја зголемува полнотата на коските и штити од остеопорозата во подоцнежните години.
- На самиот врв на пирамидата се намирници кои содржат висок процент на масти, шеќер и сол, кои треба да се земаат во мали количини.
Продолжува на страна 2



















