Правилна исхрана за деца од училишна возраст

4417

Децата од училишна возраст треба да имаат пет оброци на ден, три главни (појадок, ручек и вечера) и две закуски. Оброците треба да бидат земени во правилни интервали.

Појадокот е многу важен оброк кој не смее да се прескокне. Со појадокот во организмот се внесува 40% од дневните потреби на енергија. На децата кои не појадуваат често им се спие, имаат слаба концентрација, тешкотии во постигнувањата и слабо ја следат наставата. Балансиран доручек од житни трици не гојат, што е важно да ѝ се нагласи на постарата училишна возраст, кога девојките во обид да не се здебелат, го прескокнуваат токму овој оброк.

Од особено значење е училишниот оброк, ужинка, кој треба да се состои од храна богата хранлива вредност, а со помалку енергија. Не се препорачуваат бонбони, закуски, “брза” храна (хот-дог, хамбургери) и газирани пијалаци. Таквите производи се од ниска хранлива вредност, со висока количина масти и концентрирани јагленохидрати што може да предизвика здебелување. Дебелината станува фактор на ризик за голем број на хронични болести подоцна во животот, а важен е фактор и за развој на ментални нарушувања, особено во развојот на адолесценцијата.

Несоодветната исхрана може да резултира со несразмерно ниска телесна тежина, развој на анемија поради недостаток на железо, намалена отпорност на организмот.

На развојот на навиките во исхраната на децата на училишна возраст најмногу влијание имаат нивните родители, но мора да се нагласи и влијанието на училиштата во обликувањето на личноста на детето и усвојувањето навиките на детето во однос на здравата исхрана и однесувањето.

Подготви педагог Виолета Крстевска Васиќ

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk