Што се случува кога ќе умреме? Човекот кој починал два пати го раскажа следново …

317

На живите им е речиси целосно непознато што се случува по смртта. Смртта е и онака термин измислен од луѓето. За некои, тоа значи почеток, за некои крај, а за некои тоа е само состојба која се јавува кога медицината нема да успее.

Корисникот на reddit, r00tdude, бил мртов дури два пати по две минути во две различни ситуации. После првиот пат кога тој починал во сообраќајна несреќа со мотоцикл, и вториот пат кога се предозирал со лекови против болки по операцијата, одлучил да раскаже како ја доживеал својата смрт.

– Беше само црна празнина. Без размислување, свест, ништо. Двата пати едноставно не бев таму. Чувството беше како кога дремете. Краток сон без соништа, а кога ќе се разбудиш имаш чувство дека си спиел долго, кога само поминале 15 минути. Знам дека бев мртов само поради тоа што лекарите беа должни да ја споделат таа информација со мене. Ако не ми кажаа ништо, ќе мислев дека сум заспал и дека не сонував ништо. Значи, јас почувствував нешто, а тоа нешто беше ништо. Во двата случаи, го доживеав истото. Кога доживеав сообраќајна несреќа единственото нешто што си го помислив дека е “глупост”. Кога се разбудив почувствував болка, а потоа одеднаш немаше ништо повеќе, немаше живот. Потоа, кога се разбудив повторно почувствував болка. Единствената разлика е во тоа што првиот пат бев свесен за настаните пред тоа, а вториот пат ме болеше толку многу што не бев свесен за околината – раскажа човекот кој починал два пати.

– Сега дефинитивно помалку се плашам од смртта. Знам дека не е ништо полошо отколку спиењето. Кога ќе умреш само престануваш да постоиш и тоа не е ништо загрижувачко! Отсекогаш сум бил атеист, но дел од мене секогаш се надевал дека постои Бог и рај или нешто поголемо од нас. Мислам, кој не би сакал да постои рајот? – раскажа, па додаде:

– Јас сѐ уште сум атеист, но сега знам дека не постојат ниту Бог, ниту рајот. Барем не за мене. Верувам дека вашето верување е само ваше верување. Единственото нешто што го споделуваме се нашите искуства, а луѓето мора сами да одлучат во што веруваат. Луѓето треба да престанат да ги принудуваат другите да веруваат во истото во што веруваат и тие – рече тој.

– Сѐ што сега сакам во животот е да се забавувам и да им го направам животот на луѓето подобар, бидејќи единственото нешто што ќе остане зад мене кога ќе умрам е влијанието што сум го оставил врз луѓето кои сѐ уште се живи. Се надевам дека нивното мислење за мене ќе биде позитивно.

– Смртта е смрт. Еднаш откако ќе умреш, тоа е тоа, готово е – заклучи човекот кој починал два пати.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk