Ова е една од најголемите мистерии на сите времиња | Видео

1082

Колапсот на државите, градовите, цивилизациите на Бронзениот период беше молскавичен, но никој не знае зошто.

Многу градови, дури и држави, моќни империи пропаднаа, уништени од војни, миграции, но никогаш не се случило, како што беше случај во доцното Бронзено време, да исчезнат за многу кратко време, скоро истовремено, цели населби, градови, земји во целиот, тогаш познат свет!

Што е уште почудно, нема записи, па дури ни легенди за тоа што можеше да се случи, во тоа време, на екстремно напредните цивилизации, кои оставија зад себе прекрасни градби (претежно сите урнатини) на уметнички дела од непроценлива вредност.

Земјите на Медитеранот, Кавказ, Азија, пропаднаа, едноставно – исчезнаа. Помеѓу 1205 и 1150 година п.н.е., се распаднале микенското кралство, хетитското кралство Анадолија, новото кралство на Сирија и Ханаан, моќното кралство Угарит, како и новото египетско кралство. Нема единствен град меѓу Грција и Газа кој не е уништен! Сите тие беа економски моќни со голема и добро вооружена армија.

Теории има повеќе. Но, ако станува збор за дело на една војска што ограби сè, како е можно да нема ни трага од тоа? Зошто човештвото направи два чекори назад? Кој ги уништи Микените и зошто тој не продолжи да живее таму, да ги користи нивните културни и сите видови богатства? Која сила можеше да уништи вакви тврди градови и со какво оружје?

Тоа „мрачно време“ во кое стагнираше човечката раса, траеше околу два века! Дури со појавата на неохетитските кралства, новата асирска држава, се случи промена. Но, дури и тогаш, никој не го запиша барем ни народното предание, легендата за она што всушност се случило?

Одговорот даден од некои истражувачи е јасен – тие не можеа да напишат ништо затоа што никој не можеше да сведочи за уништувањето! Зошто? Која мистериозна сила го врати човештвото во мрачното доба? И, дали „некој поправи нешто“?