Роверот на НАСА забележал неочекуван објект на Марс

2041

Роверот “Perseverance” забележал „нешто неочекувано“ на површината на Марс – парче метал скриено меѓу карпите.

Тимот на НАСА што го контролира роверот од Земјата смета дека тоа е дел од термичкото „ќебе“ кое паднало од него додека роверот слетал на Црвената планета, пренесува РТС.

„Веројатно тоа е дел од фазата на слетување што го спушти роверот на планетата минатата година“, соопшти НАСА.