Еротски карактеристики на хороскопските знаци

1052

Сексот не е најважниот дел од врската, но секако е важен.

Еротската компатибилност на партнерите се одразува на нивната врска и ако не се задоволни од сексот, тоа ќе се одрази и на другите аспекти на врската.

Сите имаме свои „адути“ кога станува збор за заведување и незаборавен секс, а овие работи ни се заеднички според „припадноста“ во зодијакот:

Овенот е вистинскиот партнер за љубителите на жесток секс. Со оглед на тоа дека сексот им е многу важен во животот, Овните се отворени и полни со страст – ќе ви кажат точно што сакаат и ќе се потрудат да ги исполнат сите ваши желби.

Бикот е вистински хедонист и искрено ужива во сексот, па за него предигра се самите алузии на секс. Обожаваат предигра и тоа за нив е важен дел од целосното сексуално уживање. Оргазмот на партнерот/партнерката им е подеднакво важен како и нивниот.

Близнаците имаат исклучително бујна фантазија и сексот со нив скоро секогаш е експеримент. Обожаваат разноврсност и секогаш оставаат силен впечаток на партнерите.

Ракот обожава романтично заведување, а со оглед на тоа дека е тежок емотивец, ретко се впушта во сексуални авантури со луѓе кон кои не чувствува нешто длабоко. Раковите се нежни и внимателни љубовници и ќе направат сѐ да ги задоволат партнерите.

Лавот ќе направи сѐ за да добие пофалби во кревет, што го става во категоријата егзибиционисти. Затоа сексот со Лав никогаш не е здодевен, бидете сигурни дека нема да ги заборавите.

Девиците во сѐ бараат совршенство, па така е и во сексот. Бараат многу, но главна карактеристика им е несебичноста кога станува збор за задоволување на партнерот.

Вагата ќе ви пружи сензуален и нежен секс, обожава да заведува и сексот за неа секогаш е поврзан со љубовта.

Скорпиите имаат репутација на врвни љубовници, но ретко ќе се впуштат во авантура и секс за една вечер.

Стрелците го гледаат сексот како забава, што е супер бидејќи со нив и врската и сексот секогаш е авантура, од почеток до крај.

Јарците можеби изгледаат воздржано и ладно, но всушност во себе кријат жестоки љубовници со вулканска страст што ќе ве совлада со еден бакнеж и допир на вистинското место.

Водолијата е непредвидлива во сѐ, вклучувајќи го и сексот. Од неа може да очекувате сѐ и сешто, но тоа секогаш ќе биде забавно и незаборавно.

Рибите се благодарни љубовници кои ќе направат сѐ што сака партнерот. Лесно се прилагодуваат, но нема први да тргнат во освојување.