Неочекуван сојузник | Кравите би можеле да бидат клучни играчи во борбата против ХИВ

446

Истражувањето покажало дека овие животни се успешни во создавањето на антитела за борба против вирусот.

Американските истражувачи тврдат дека е “неверојатно” и “лудо” колку кравите се успешни кога станува збор за борбата против ХИВ, пишува BBC.

Се верува дека кравите поради својот комплексен и со бактерии богат гастроинтестиналниот систем може брзо да произведе антитела кои можат да неутрализираат ХИВ. Ова е првото откритие од ваков вид во областа на имунизацијата.

Борбата против ХИВ отсекогаш била тешка, бидејќи вирусот постојано мутира, а тоа на имунолошкиот систем му ја отежнува работата во борбата против вирусот. Мал број на пациенти неколку години по првичната инфекција развива антитела кои се способни пошироко да ги неутрализираат оние делови од вирусот кои не се менуваат.

Истражувачите на Меѓународната иницијатива за вакцина против сида и Истражувачкиот институт Scripps, се со цел изнаоѓање на вакцина која би го научила имунолошкиот систем да прави такви антитела, пристапиле кон имунизација на крави.

“Начинот на кој кравите реагирале нè шокира”, рече д-р Девин Сок. Бараните антитела од крави ги произвеле за само неколку недели. “Сè изгледало лудо добро. На луѓето им се потребни три до пет години да развијат такви антитела. Ова е многу важно, бидејќи тоа претходно не сме успеале да го направиме. Кој би кажал дека кравите значително би придонеле во борбата против ХИВ”.

Наодите од истражувањето се објавени во списанието Nature, и покажуваат дека кравјите антитела во 42 дена успеале да неутрализираат 20 отсто од видовите на ХИВ. По 381-от ден, тие неутрализирале 96 отсто од видовите.

“Моќта на одговорот на видовите навистина е неверојатна”, рече д-р Денис Бартон, еден од истражувачите кои учествувале во проектот. “За разлика од човечките антитела, поголема е веројатност дека кравјите антитела ќе имаат уникатни карактеристики кои ќе им помогнат во борбата против ХИВ”.

Антителата кои можат пошироко да го неутрализираат вирусот се долги и формираат кружница, а тоа е невообичаено за човечките антитела. Кравјите антитела се инхерентно подолги и замотани. Со други зборови, на кравјиот имунолошки систем полесно е да се направат такви антитела.

Ова откритие значи дека кравите во иднина би можеле да бидат извор за производство на поефективни вагинални микробициди, кои би можеле да ја потиснат ХИВ инфекцијата. Сепак, вистинската цел е да се развие вакцина која ќе го стимулира имунолошкиот систем да произведува антитела кои во моментов не можат толку лесно да се произведат.

Американскиот национален институт за здравје, рече дека ова откритие е исклучително важно.