Работи кои не треба да му ги кажувате на вашето дете

1614

Да се биде родител е една од најубавите, но и најтешките работи во животот.

Секоја личност постојано се труди да биде најдобриот родител за своето дете, но понекогаш се случува да прави големи грешки, без разлика дали се намерни или ненамерни.

Воспитувањето на детето треба да започнува уште од негова најрана возраст. За едно дете да порасне во добра и воспитана личност потребно е постојано да се воспитува.

Но, покрај тоа што постојат многу работи кои треба постојано да му се кажуваат на детето, постојат и оние кои не треба да се кажуваат.

Избегнувајте го зборот „не“

„Не трчај! Не викај!“ се најчестите фрази коишто еден родител му ги кажува на своето дете, без размислување дека детето по некое време веќе не реагира на нив, бидејќи е загрозено. Подобро е да се користат фрази како „оди поспоро, те молам“ и „зборувај потивко, не те разбирам кога викаш“. Доколку кога вашето дете вика и вие го повишите тонот, тогаш му давате пример дека тоа е во ред.

„Не можеш тоа да го направиш“ или „не прави го тоа“ се исто така фрази кои треба да се избегнуваат. Секој родител ги употребува, без размислување дека на тој начин се создава инат и се буди бунтовноста кај детето, така што тоа сака да покаже дека може да го направи тоа што го наумил. Подобро е убаво да му објасните зошто тоа не е добро, дека е опасно или лошо по неговото здравје и слично.

„Не плачи“, ова е фразата којашто најчесто се кажува на децата, а целосно е погрешна. Децата плачат кога се тажни и кога не можат своите чувства да ги кажат со зборови. Доколку на вашето дете му кажете да не плаче тогаш му давате до знаење дека плачењето не е во ред и дека не треба да се чувствува така. Пробајте да разговарате со вашето дете, да ви раскаже зошто плаче и трудете се да го утешите и расположите.

Продолжува на страна 2