Избегнувајте го зборот „браво“
Најчесто родителите за да го пофалат своето дете едноставно му кажуваат само „браво“. Но, подобро е подетално да му објасните зошто е добро тоа што го направил и со поубави зборови да го пофалите. На тој начин тоа ќе сфати дека навистина направил нешто добро.
Избегнувајте го секојдневниот збор „побрзај“
Сигурно повеќе пати во текот на денот му кажувате на вашето дете да побрза. Преголемиот број на обврски може некогаш да создаде нервоза и повишен тон, како на пример доцнење на работа, во градинка или кога не може да се најде ранчето и слично. Внимавајте повеќе во такви ситуации кога треба да се побрза и начинот на кој комуницирате со вашето дете. Подобро е да се трудите да се спремите на време, отколку да му викате на детето. Доколку постојано му викате „побрзај“, вашето дете ќе се чувствува како да е криво за сè.
Не го споредувајте со луѓето кои ги познава
Многу често мајките знаат на своето дете да му кажат „ист си како татко ти“. Но, никогаш на детето не треба да му се зборува дека другиот родител е лош, неодговорен и слично, сепак имајте на ум дека вие самите сте го одбрале вашиот партнер. Детето кога создава слика за своите родители, создава слика и за себе. „Зошто не си како твојот брат/сестра?“ е најлошата фраза којашто можете да ја кажете. Природно е да се споредуваат децата, но кога тоа директно ќе му кажете може да предизвикате негативни последици. На овој начин предизвикувате завист, караници меѓу децата, иако можеби вашата цел била детето да се угледа на својот брат или сестра. Исто така, немојте да го споредувате со неговите другарчиња, бидејќи тоа ќе мисли дека не сте задоволни со него и дека сакате подобро дете. Прифатете го детето такво какво што е и поддржувајте го во своите соништа и таленти.
Избегнувајте погрдни зборови
Без разлика колку да сте нервозни никогаш не го навредувајте детето и не кажувајте зборови како безобразен, мрзелив, глупав, непристоен, лош, валкан и слично. На тој начин ќе направите да се чувствува отфрлено и засрамено. Некои деца знаат да се повлечат во себе, додека други можат да реагираат агресивно, но на сите им се намалува самодовербата. Не учете го детето од мало на непристојни зборови и не правете да се чувствува лошо во своја кожа.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















