Дали сте знаеле дека Австралија водела војна против птицата ему... и ја изгубила!
По Првата светска војна, голем број поранешни војници се населиле во претходно ненаселени области во внатрешноста на Австралија.
Повеќето од нив почнале да се занимаваат со земјоделство. Поради зголемената популација на овој континент, растела и побарувачката за храна. Ова ги натерало земјоделците да ги прошират своите ранчеви се повеќе и повеќе во внатрешноста на континентот.

Но, тогаш се судриле со природата и непријателот кој очигледно бил преголем залак … ему птиците!
Поради редовната миграција за парење, над 20.000 ему влегле во стопанствата на австралиските фармери во 1933 година. Тие по својата структура се најмногу слични на ноевите и по природа се многу агресивни. По пат уништувале посеви и демолирале помали помошни објекти.
Земјоделците се обратиле до австралиската влада за помош. Министерот за одбрана, сер Џорџ Пирс, одлучил дека ова е задача со која армијата треба да се позабави.
Задачата да се ослободи од несаканите гости ја добил мајорот Г.П.В. Мередит командант на Седмата тешка батерија на Кралската австралиска артилерија.
Кралската артилерија се соочила со необични непријатели. Набрзо сфатиле дека тоа нема да биде лесна задача. Птиците ему имаат изразено сетило за слух, така што војниците не можеле да им дојдат на растојание од каде би можеле да ги ликвидираат. Ниту па бркањето птици не доаѓало во предвид, бидејќи птиците би ги прегазиле сите возила на австралиската армија.

По еден месец „борби“ и високи трошоци на австралиската армија и само мал број убиени птици, австралиската армија морала да го признае поразот.
Ова е веројатно една од најчудните војни и веројатно најсрамниот пораз во историјата на војувањето. Министерот за одбрана, Сер Џорџ Пирс, добил прекар “министер за ему“.