Студијата покажа дека кај луѓето со дијабетес тип 2, конзумирањето на зашеќерени пијалоци го зголемува ризикот од прерана смрт.
Луѓето со дијабетес тип 2 треба да ги заменат зашеќерените пијалоци со кафе, чај и вода за да го намалат ризикот од прерана смрт, покажа американско истражување.
Студијата чии резултати беа објавени во British Medical Journal (BMJ) покажа дека таквата едноставна промена во навиките е поврзана со помала стапка на прерана смрт од кардиоваскуларни болести и други причини.
Експертите, вклучувајќи ги и оние од American Harvard Medical School, анализирале податоци за 15.486 луѓе на кои им бил дијагностициран дијабетес тип 2.
74 отсто од испитаниците биле жени со просечна возраст од 61 година.
Беше користен прашалник за да се провери какви пијалаци консумираат испитаниците, а податоците се ажурирани на секои две до четири години.
Во 18,5-годишното следење на учесниците во истражувањето, 3447 или 22 отсто од нив развиле кардиоваскуларни заболувања, а евидентирани се 7638 или 49,3 отсто смртни случаи.
Податоците покажаа дека меѓу испитаниците кои консумирале најмногу пијалоци засладени со шеќер, забележана е петтина поголема веројатност за рана смрт од било која здравствена причина.
За 23 отсто помал ризик од прерана смрт е забележан кај оние кои пиеле поголеми количини вода, 26 отсто помал ризик од прерана смрт е забележан кај лицата кои консумирале поголеми количини кафе (до шест шолји дневно), кај лицата кои консумирале поголема количина чај, таа била за 21 отсто помала, а била за 12 отсто помала кај испитаниците кои пиеле млеко со помалку млечни масти.
Кога станува збор за кардиоваскуларни болести, докажано е дека конзумирањето на засладени пијалоци е поврзано со 25 отсто поголем ризик за развој на таа група на болести и 29 отсто поголем ризик од смрт од кардиоваскуларни компликации.
Помал ризик бил забележан и кога испитаниците консумирале кафе со млеко со малку маснотии.
Авторите на студијата истакнуваат дека станува збор за набљудувачка студија, а не за каузални докази.
Тие заклучуваат дека сепак е добро да се замени конзумирањето на засладени пијалоци, пијалоци засладени со вештачки засладувачи, овошни сокови или полномасно млеко со кафе, чај и обична вода бидејќи таквото однесување е „поврзано со помала смртност од која било здравствена состојба“.
Дијабетесот тип 2 е тесно поврзан со дебелината. Во исто време, многу е поверојатно дека таквата состојба ќе се развива почесто кај дебели луѓе отколку кај луѓе со здрава телесна тежина.
Во придружниот едиторијал за BMJ, Nita Forouhi од University of Cambridge напишала дека целта на студијата е да придонесе ажурирани податоци за тековното знаење и докази за поврзаноста помеѓу засладените пијалоци и дијабетесот тип 2.
Таа додаде дека остануваат отворени прашањата, како што се оние за ефектот на додавање шеќер во кафето или чајот, како и за влијанието врз болеста на другите омилени пијалоци како што се милкшејковите, смути или топлото чоколадо.



















