Емотивен статус на Коки | “Сѐ ми доаѓа дека од негде ќе се појавиш и тоа најчесто коа свирам ми се случува…”

606

Се враќам од свирка, од Струмица, брат, па ми се сврте во глава, и викам да ти напишам уште едно писмо … ама ова ќе биде последно, не те замарам повеќе, да не речеш “а бе Кочо, седум години ми досаѓаш, дај олабави малку“. 

Брат, не знам дали да се смеам дали да плачам. Знаеш, сѐ ми доаѓа дека од негде ќе се појавиш и тоа најчесто коа свирам ми се случува, а бе “фатаморгана”. Можеби па, сеа дури сфаќам дека стварно те нема, а .. ?

Сите прашуваат за тебе, не те заборавиле да знаеш, особено при крај на свирката.. ја темпирам “колку треба да се плати” ќе стиснам заби, им ја пеам, и они пеат, ама на таа не плачам, тешко ми е да плачам на таа, глеам они плачат …

На овој ден коа ја летна, знаеш на кој му е роденден? На Ице, замисли.. не сум ти кажал тоа. Кај одам јас без гитара, свириме заедно, и Сале е со нас. Ти стално, коа ќе спомнев Господ, сѐ викаше, ај батали тоа. Ама гледаш дека имало Господ, па ти ако не знаеш, кој? И кажи сеа дека ГОРЕ СИ Е ГОРЕ, нели.. добро е таму.

Овде е зезнато малку, мош малку повеќе. Има некој вирус, и ако го закачиш јако, за скоро умираш, ама некој ќе го фатат и ништо не им е.. поима неам … ваљда си чул.

Макфест прв пат оваа година на плоштадот се одржа, на отворено, не у домот на култури, заради тој вирусот, 35год јубилеј .. Таму пак не заборавија и двајцата, али нема везе.

Со Марија, сестра ти, ќе се сретнеме понекогаш. Нејзините две и од братти три, пет внучиња имаш. Не ги паметам имињата, едното од братти се вика Душан Љубисављевиќ, знам, по тебе.

Да знаеш дека не престанувам со музиката, а ми има дојдено многу пати да баталам, ама има песни бе брат што треба да се пеат и да се свират. Помладите поима немаат кој биле Дуле и Коки ама песните ги знаат, глеаш.

Не знам шо сакав друго да ти кажам ..
Знаеш што.. нема да биде ова последо писмо, ке ти пишам пак, за неко време..

7

23.09.2020

Se vrakam od svirka, od Strumica brat, pa mi se svrte u glavata, i vikam da ti napisam uste edno pismo..ama ova ke bide…

Gepostet von Koki Jankov am Donnerstag, 24. September 2020