Gandhi и Prof. Peters

214

Кога Махатма Ганди студирал право во Лондон, еден од професорите, г-дин Питерс, бил вистински шовинист и не можел да ја скрие својата нетолеранција кон луѓето со различна боја на кожа.

Тој ги сметал Индијанците луѓе од втор ред и постојано го навредувал Ганди, сакајќи да го натера да ги напушти студиите, но не го поколебал. Ганди бил одличен студент.

Еден ден г-дин Питерс ручал во трпезаријата на Универзитетот кога Ганди влегол. Го зел својот оброк и со послужавникот седнал близу професорот.

Арогантниот професор, бесен што Ганди се осмелил да му пријде и седне до него на масата, и сè уште да седи крај него, му се обратил:

“Господине Ганди, Вие изгледа не разбирате, свињата и птицата не седат и не јадат заедно”.

На ова Ганди мирно одговорил:

“Не грижете се професоре, ќе одлетам!”, и заминал и седнал на друга маса.

Професорот Питерс, зелен од бес, одлучува да му се одмазди на следниот тест, но Ганди реагирал и брилијантно одговарал на сите прашања, но професорот Питерс му го поставил дополнително прашање:

“Господине Ганди, одите по улицата и наоѓате две вреќи. Во едната се наоѓа мудрост, а во другата пари. Која вреќа ќе ја земете?”

Без двоумење, Ганди одговорил:

“Би ја земал вреќата со пари”.

Професорот Питерс уште еднаш се обидел да го понижи Ганди, па рекол:

“Јас да сум на твое место, би ја земал вреќата со мудрост.”

“Секој човек зема она што му недостига”, одговорил Ганди рамнодушно.

Професорот Питерс бил вон себе и од бес, на беспрекорно направениот тес на Ганди, наместо оценка со зборови напишал ИДИОТ. Ганди го земал тестот и седнал на своето место. По неколку минути, тој се вратил кај професорот и гласно и јасно, да го слушнат сите во салата, рекол:

“Господине Питерс, Вие го потпишавте тестот, но не ја запишавте оценката”.

Така започна ненасилната борба на Ганди, која по неколку децении довела до ослободување на Индија од колонијалното ропство.