Писмото на Чарли Чаплин до неговата ќерка Џералдин

300

Во шеесетите години на минатиот век, еден од најпопуларните актери на сите времиња, Чарли Чаплин, напишал трогателно божиќно писмо до својата ќерка Џералдина.

Приватниот живот на Чарли Чаплин беше обележан со многу љубови, а во брак со Уна Онил имаше осум деца, меѓу кои беше и неговата ќерка Џералдин, која тргна по стапките на нејзиниот татко и стана актерка.

Чарли ѝ напишал трогателно писмо за Божиќ во 1965. година, кое се појавило на Фејсбук.

Ви го пренесуваме во целост:

Девојче мое!

Ноќ е. Божиќна ноќ. Сите вооружени мажи отидоа да спијат. Заспиј го брат ти, сестра ти. Дури и мајка ти заспала. За малку ќе ги разбудив кога стигнав во оваа слабо осветлена просторија. Толку си далеку од мене. Но, да ослепам ако не си ми секогаш пред очите. Твојот портрет е тука на масата, и тука во моето срце.

Каде си? Таму, во величествениот Париз, танцуваш на големата театарска сцена на Елисејските полиња. Свесен сум дека си далеку, но понекогаш ми се чини, во тишината на ноќта, како ги слушам твоите чекори, како ги гледам твоите очи, кои блескаат како sвездички на зимското небо.

Слушам дека играш во таа претстава и дека играш улога на персиска убавица која го освојува Татар-кан. Убавина и танц! Биди ѕвезда и свети! Но, ако ентузијазмот и почитта на јавноста те трујат, ако мирисот на цвеќето што ти се нудат те зашемети, седни во аголот и прочитај го писмото, слушни го гласот на своето срце.

Јас сум твојот татко, Џералдин!

Јас сум Чарли, Чарли Чаплин!

Знаеш колку ноќи поминав покрај тебе кога беше дете, ти раскажував бајка за Заспаната убавица и го разбудив змејот? И кога сонот ми доаѓаше, го бркав велејќи: ”Оди си! Сонот на мојата ќерка е мојот сон!”

Ги видов твоите соништа, Џералдин, твојата иднина. Видов девојка која танцува на сцената, како самовила која го облетува небото. Ја слушав публиката како вели: ”Ја гледате таа девојка? Тоа е ќерка на една стара будала, се сеќавате, се вика Чарли?”

Да, јас сум Чарли! Јас сум стара будала!

Денеска е твој ред. Танцувај! Јас танцував во преголеми искинати панталони, ти танцуваш во свилен фустан како принцеза. Тој танц и аплаузите понекогаш ќе те вивнат до небото.

Летај! Летај таму! Но, врати се на земјата! Треба да ги видиш животите на луѓето, животите на уличните танчери кои се тресат од студ и глад. Бев како нив, Џералдин. Тие ноќи, тие магични ноќи додека спиеше, смирена од моите приказни, јас бев буден.

Го гледав твоето лице, ги слушав отчукувањата на твоето срце и се прашував: “Чарли, дали ова маченце воопшто те познава?” Не ме познаваш, Џералдин. Ти раскажав многу приказни во тие ноќи, но неговата приказна – никогаш. И таа е исто така интересна. Тоа е приказна за гладна будала која пееше и танцуваше на улиците на Лондон… и собираше ситни пари… Ова е мојата приказна!!

Знаев што е глад, што значи да се биде бездомник. Повеќе од тоа, ја доживеав понижувачката болка од скитањето – океанот на гордоста во моите гради беснееше, и таа гордост беше болно ранета додека ми фрлаа парички. Но, сепак, преживеав, па да ја оставиме оваа приказна.

Подобро е да зборуваме за тебе.

После твоето име – Џералдин – стои моето презиме – Чаплин. Со тоа презиме, повеќе од 40 години ги забавував луѓето на земјата. Но, јас плачев повеќе отколку што тие се смееја. Џералдин, во светот во кој живееш постојат многу други нешта покрај танцот и музиката.

Среде ноќ, кога ќе излезеш од прекрасните сали, можеш да ги заборавиш своите богати обожаватели, но не смееш да заборавиш да го прашаш својот возач дали има жена дома, дали е бремена, дали имаат пари за пелени за нивното неродено дете. Не смееш да заборавиш да ставиш пари во неговиот џеб. Понекогаш оди со метро или автобус, истражи го градот пеш. Гледај ги луѓето. Барај вдовици и сирачиња! И барем еднаш на ден кажи си: „Јас сум иста како нив.“ Да, ти си една од нив, мое дете. Уметноста, пред да му даде крилја на човекот да може да лета, обично му ги крши нозете. И, ако дојде денот да помислиш дека си над публиката, веднаш напушти ја сцената и со првото такси излези на улиците на Париз. Јас многу добро ги познавам. Таму ќе видиш многу танчери како тебе, уште поубави, помирни, погорди. Заслепувачките светла на сцената таму нема да те следат. Тие се осветлени од светлината на Месечината. Погледни ги добро! Зарем тие не танцуваат подобро од тебе? Признај, дете мое! Секогаш постои некој што танцува подобро од тебе, кој свири подобро од тебе. И запомни, татко ти е Чарли, селанец кој пцуеше на такси, исмеан сиромав што седеше на клупите на Сена.

Јас ќе умрам, но ти ќе живееш. И се надевам дека никогаш нема да дознаеш што е сиромаштија. Со ова писмо ти испраќам чек-книшка, за да можеш да трошиш колку сакаш. Но, кога ќе потрошиш две парички, не заборавај дека третата не е твоја! Таа мора да припадне на странец на кој му е потребна! А такви можеш лесно да ги најдеш, само треба да сакаш. Јас ти раскажувам за пари затоа што знам дека тие се моќта на ѓаволот.

Поминав многу време во циркус. И секогаш бев загрижен за оние што одат по јажето. Но, морам да ти кажам дека повеќето луѓе го допираат дното многу полошо од нив. Можеби една вечер ќе те заслепи дијамант. Во исто време тоа ќе биде опасно за тебе и ќе биде неизбежно да паднеш. Можеби еден ден ќе те маѓепса некој принц. Истиот ден, ќе бидеш неискусен шетач по јажето и ќе паднеш како никогаш порано. Не продавај го своето срце за злато и скапоцени камења. Запознај го најголемиот дијамант – сонцето. За среќа, сонцето сјае за секого. И кога ќе дојде време и ќе се вљубиш, сакај го тој човек со целото свое срце. Ѝ реков на мајка да ти пишува за тоа. Таа ја разбира љубовта подобро од мене…

Телото ти е покриено со парче свила. Во име на уметноста, тоа може дури и да се изложи разголено на сцената, но важно е секогаш да се врати, не само облечено, туку и чисто. Стар сум, а можеби моите зборови звучат смешно. Но, според мене, твоето голо тело треба да му припаѓа само на оној што ќе ја засака твојата изложена душа.

Не грижи се за тоа како ќе размислуваш за ова за десет години. Не грижи се, ќе бидеш десет години постара. Знам дека татковците и децата постојано се во несогласување. И, не мора да се согласуваш со мене, со моите мисли, мое девојче! Не сакам послушни деца. И сè додека моите очи не се полни со солзи после ова писмо, сакам да верувам дека оваа Божиќна ноќ е ноќ на чудата.

Се надевам дека постои чудо и дека навистина си разбрала сè што сакав да ти кажам. Чарли остарел, Џералдин. Порано или подоцна, наместо во бел фустан за сцената, ќе мора да бидеш во жалост и да дојдеш на мојот гроб. Не сакам да те вознемирувам сега. Само погледни во огледало – таму ќе ме видиш мене, моите квалитети. Во твоите вени тече моја крв. Кога крвта во моите вени ќе се олади, се надевам дека нема да го заборавиш татко ти, Чарли. Јас не бев ангел, но секогаш сакав да бидам човек. Обиди се и ти.

Те сакам, Џералдин. Твојот Чарли. Декември 1965. година