Diane Arbus – фотограф на “страшила” | Фото/Видео

227

Позната како фотограф на страшила/чудовишта, Diane Arbus најчесто фотографирала луѓе од социјалните маргини, постојано барајќи скриени приказни на неочекувани места: нудистички логори, циркуси, клубови, ментални установи, улици и паркови.

„Има нешто од легендите кај страшилата“, рече таа. „Како лик од бајките кој ве сопира и ве замолува да ја решите загатката.“

Arbus е родена како Diane Nemerov на 14 март 1923 година во New York во богато еврејско семејство кое ѝ давало поттик да стане сликарка. Сепак, по средно училиште таа се откажала од сликарството затоа што и рекле дека е одлична, а таа мислела дека „ако сум толку добра, не вреди да се трудиш“. Во едно интервју, подоцна признала дека „семејното богатство секогаш и изгледало понижувачки. Нешо како да сте принцеза во одвратен филм сместен во една трансилванска нејасна централноевропска земја“.

На 14-годишна возраст, таа се заљубува во пет години постариот Allan Arbus, со кој се омажи четири години подоцна. Првата ќерка Doon ја добиле во 1945 година (која ќе стане писател), а втората ќерка Amy во 1954 година (кој ќе стане фотограф). За време на Втората светска војна, Allan работел како воен фотограф, а по војната отвориле студио и започнале кариера како комерцијални фотографи, каде што Allan фотографирал и Diane работела како стилист. Но, неколку години подоцна, таа сфатила дека сака да биде уметник, додека Allan сакал да ја проба среќата како актер.

Во 1956 година Diane го напуштила студиото и три години подоцна се развела од Allan. Таа побарала менторство на фотографката Lisette Model и почнала да работи за списанија како што се Esquire и Harper’s Bazaar. За време на 60-тите години добила две стипендии Guggenheim и се префрли од 35мм на Никон на Rolleiflex камера со два објектива, која дава поостри фотографии среден формат по кои ќе биде запаметена. Во 1967 година, ја има својата прва голема изложба насловена како New Documents, во MoМА, курирана од John Szarkowski.

„Отсекогаш сум ја замилсувала фотографијата како нешто непристојно – тоа ми беше една од моите омилени работи кај неа, и кога почнав со тоа да се занимавам, се чувствував многу первезно“, признала Arbus.

Нејзиниот метод вклучувал воспоставување лична врска со субјектите, а сакал да го фати „просторот помеѓу она што луѓето се и она што мислат дека се“. За Arbus, некои велат дека, од една страна, покажува или дури го слави она што „нормалниот“ гледач не го забележува, додека други велат дека нејзините субјекти привлекуваат внимание токму затоа што внесуваат немири во уметничкото и социјалното поле на „нормални“ човечки субјекти. Нејзините најпознати фотографии вклучуваат Дечко со увијачи дома на West 20th Street (1966, на сликата долу десно), Идентични Близнаци (1967, на сиката долу лево), Млад патриот со знаме (1967), Гол маж како жена (1968 година, долу во средина) и Еврејски џин дома со родителите во Bronx (1970).

„Многу фотографирав ружни луѓе. Беа тоа беше едни од првите работи што сум ги фотографирала… Ги обожував… Не сакам да кажам дека се мои најдобри пријатели, но према нив чувствував мешавина на срам и восхит… Повеќето луѓе минуваат низ животот плашејќи се дека ќе доживеат нешто трауматично. Ружните се родени со траума. Тие веќе го поминале својот тест во животот. Тие се аристократи“.

Таа се интересирала за непознати луѓе, воспоставувала комуникација, одела во нивните домови, посетувала нудистички кампови, циркуси, скитала по градот, верувајќи дека никој не би ги видел тие работи ако не ги фотографирала.

Како и да е, не сите ја одобрувале нејзината работа и методи – фотографиите ги сметале за вознемирувачки и одбивни, а нејзиниот пристап експлоататорски, без емпатија. Susan Sontag во текстот America, Seen Through Photographs, Darkly, тие портрети ги нарече анти-хуманистички:

„Arbus покажува луѓе кои се патетични, мизерни, како и одбивни, но сликите не предизвикуваат чувство на сочувство … нејзиниот ракуес се темели на дистанца, на привилегија“.

Според Sontag, фотографот се однесува како еден вид „супертурист“ кој го посетува само светот на чудните и не се обидува да го смести во контекст.

Сличен став имала и феминистката Germaine Greer, која и самата ѝ позирала на Arbus во 70-тите години.

„Она што се одразува на повеќето од овие лица“, пишува, „е благо зачуденост и тивок гнев. Субјектите немаат имиња затоа што Arbus ниту знаела ниту се грижела кои се… ги редуцирала на генерички феномени според имињата што ги избрала за нив: Еврејски пар, Порториканска домаќинка, Албино голтачка на мечови. Моето искуство резултира со фотографија со наслов Феминистка во хотелска соба.“

Можеби најгруб бил писателот Normal Mailer, кој изјавил дека „да ѝ дадете камера на Diane Arbus е исто како да му дадете рачна граната на дете“; меѓутоа, некои велат дека Mailer така изјавил затоа што не бил задоволен од начинот на кој Arbus го прикажала на фотографија – залежан во фотелја, со раширени нозе.

За последната серија што ја направила (постхумно насловена како Untitled), Arbus добила дозвола да фотографира во установа за ментално ретардирани во New Jersey. Фотографиите откриваат напуштање на нејзината претходна техника: комбинирање на непредвидливоста на блицот со дневна светлина и снимање на субјекти во движење, Arbus се определила за случајности и недостаток на контрола. На својот поранешен сопруг Allan му напишала дека фотографиите се „многу матни и променливи, но некои се убави. Конечно, тоа е она што барав, се чини дека ја открив сончевата светлина, светлината на доцното зимско попладне“.

Сепак, депресивните епизоди на Diane и промените на расположението станаа почести.

„Стално одам горе-долу“, напиша таа. „Енергија, некаков посебен вид енергија само излегува од мене и немам доверба дури да ја преминам улицата“.

Во јули 1971 година, на 48-годишна возраст, таа проголта еден куп барбитурати, легнала во када и ги исекла вените.

Една година по нејзиното самоубиство, Arbus станала првиот фотограф чии фотографии биле изложени на Венециското биенале, а истата година одржана е голема ретроспективна изложба во MoMA која подоцна ја обиколи целиот САД и Канада.

Нејзината помала ќерка Doon и пријателот Marvin Israel ја уредиле книгата Diane Arbus: an Aperture Monograph, која денес важи за една од најважните фото книги во историјата.Повеќе фотографии можете да видите тука, а документарен филм за нејзиниот живот и дело во продолжение: