Жените се суетни суштества и ретко се задоволни од она што го гледаат во огледалото. Најголемиот проблем се килограмите.
Секогаш ни се чини дека од некаде можеме да тргнеме уште малку и сакаме да зборуваме и дури и да не сме полнички да тврдиме дека треба итно да ослабнеме.
Има, меѓутоа, и случаи во кои човек треба да се подложи на диета или на некој посебен режим на исхрана, а воопшто не го сфаќа тоа и смета дека неговата тежина е во нормата. За жал, тоа може и да не е така!
Дебелината не се мери во големината на облека или тоа како изгледате. А, ако не забележите навреме, ризикувате да добиете еден куп болести, да ја нарушите хормоналната рамнотежа, шеќерот во крвта, крвниот притисок, па дури и правилното функционирање на системите во телото.
За да не дојде до лекување на болести важно е да се запознаете како треба да внимавате на тежината. Станува збор за вашиот индекс на телесна маса (BMI – Body Mss Index), кој е показател за тоа дали се потребни диета и режим или не. На прво место е подобро да се консултирате со вашиот лекар и ако тој ве советува да се подложите на диета да го послушате. Индексот на телесна маса пак може лесно да го измерите дома преку било кој од онлајн апликациите.
Напишете во некој пребарувач “индекс на телесна маса”. Индексот во вкупниот случај претставува формула која ги става во сооднос тежината, висината, возраста и активноста. Во зависност од крајните бројки влегувате во следниве категории:
- под 18,5: тежината ви е под признаената за здрава норма
- меѓу 18,5 и 24,9: нормална тежина
- 25-29,9: прекумерна тежина
- над 30: дебелина
Дебелината има неколку категории:
- 1 ниво: помеѓу 30 и 34,9
- 2 ниво: помеѓу 35 и 39,9
- 3 ниво кое веќе буквално го загрозува животот: од 40 нагоре
Ако веќе сте се дошле во графата “дебели”, тогаш треба да се консултирате со специјалист, кој ќе ви помогне да ја намалите тежината.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















