Еве како во некои земји се толкува “ти игра окото“

91

Треперот на очните капаци во медицината се нарекува блефароспазам, а кај луѓето – игрње на очите.

Науката вели дека ова се случува сè почесто поради седење на компјутер, стрес, недостаток на сон или нервно растројство, додека народното верување тврди дека причината е знак.

Само треба правилно да се толкува. Различни народи имаат различни верувања кога е во прашање играта со очи, но скоро и да нема луѓе кои не успеале да го протолкуваат овој феномен. Еве што велат тие е зошто тоа се случува.

Кина

Во Кина, играта со левото око се смета за среќна, но ако десното око игра, тогаш тоа е лош знак. Меѓутоа, ако на жена ѝ игра долниот капак на левото око, тоа значи дека некој ја озборува.

Индија

Индијците веруваат дека е лоша среќа ако ви игра левото око и добар знак ако игра десното око. Значи, сосема спротивно од кинеското верување.

Хаваи

Се верува дека треперењето на левото око значи доаѓање на странец во семејството, и ако тоа око игра нон-стоп, тогаш тоа значи распад на семејството.

Балкан

Луѓето од овој регион имаат различни верувања кога станува збор за оваа тема. Постојат толкувања дека играњето со десното око значи дека она што сте го мислеле во тој момент ќе се оствари, додека играњето со левото око е лош знак.

Во некои делови се верува дека ако на жената ѝ игра левото око, по долго патување повторно ќе го види својот сакан. Тоа веројатно беше добар знак за сите жени кои беа загрижени дека нивните сопрузи ќе се вратат од војната.

Од друга страна, на друго место, се верува дека треперењето на горниот очен капак на десното око значи радост во семејството, а долниот, создавање на ново пријателство. Лево око – горниот капак, раѓање на машко дете во куќата, а долниот лоши вести.