ВИСТИНСКА ДРАМА НА NEWS FEED / Се огласи Фејсбук: Откриле зошто социјалната мрежа утрово „дивеела“ како никогаш досега

847

Фејсбуковиот news feed на голем број корисници утрово им бил преплавен со бизарни објави.

Луѓето од Фејсбук конечно се огласија и објаснија зошто утрово имало глобални проблеми со нивниот feed.

„Порано денес, со промената на конфигурацијата се предизвика проблем кај некои корисници на Facebook Feed. Го решивме проблемот што е можно побрзо и се извинуваме за непријатностите“, објасни менаџерот за технолошки комуникации на Мета, Александру Воица.

За потсетување, news feed на голем дел од корисниците утринава им беше преплавен со бизарни објави од страниците на познати личности како Тејлор Свифт или Еминем. Проблемите се пријавени и на страницата Down Detector.