Чистеле користени кондоми и повторно ги продавале | Видео

220

Полицијата во Виетнам запленила 324 000 користени кондоми кои беа рециклирани за да се продаваат повторно.

Платените работници имаа задача да чистат гумени контрацептиви пред да ги преобликуваат во дрвени дилда. Кондомите потоа се препакувани пред повторно да бидат пуштени во продажба.

Акцијата е извршена во магацин во провинцијата Бин Дуонг во јужен Виетнам.

Сопственичката на магацинот е уапсена и тврди декадобивала кондоми еднаш месечно од непознато лице.

Таа, наводно, ги чистела, сушела и сортирала кондомите пред повторно да ги продаде како да се нови, соопштуваат локалните вести „VN Explorer“.

Кондомите се запленети како доказ, но веднаш ќе бидат отстранети затоа што се сметаат за опасен медицински отпад.

Владин службеник соопштил дека кондомите се класифицираат како медицински производи, па затоа ќе разгледаат неколку закони што сопственикот ги прекршил“.

Не е познато колку кондоми се веќе продадени, но товарот што полицијата го откри е тежок 360 кг.

Локалните извештаи велат дека тие биле продавани во хотели и на тезги на пазарот во близина на магацинот.