Бебе родено во париското метро доби 25 години бесплатно возење

155

Компанијата за градски превоз во Париз соопшти дека бебето родено во метрото ќе има право на бесплатен превоз во француската престолнина до својата 25 година.

Од компанијата наведоа дека бебето било родено вчера во метро во центарот на Париз и поради тоа за краток период бил прекинат сообраќајот.

Спасувачките екипи се погрижиле за мајката и детето и ги пренеле во најблиската болница.

Голем број парижани на социјалните мрежи и честитаа на мајката, но имаше и зајадливи коментари дека подарокот од компанијата за бебето не е најсоодветен, бидејќи парискиот јавен превоз премногу често е во прекин поради штрајкови и други причини.