Еве како да ја заштитите кожата од загадувањето

54

Сите знаеме за ефектот кој штетните УВ зраци го имаат на нашата кожа, но дали сте размислиле за тоа што загадувањето му прави на вашиот тен?

Ефектите од изложеноста на загаден воздух можат да предизвикаат респираторни проблеми и воспаленија, а време е да почнете да размислувате и во врска со загадувањето и ефектите кои ги има врз кожата.

Загадувањето не предизвикува само оштетување на озонскиот слој, тоа исто така го опустошува вашиот тен. Загадувањето е вториот најштетен агресивен фактор кој влијае на вашата кожа, по сонцето.

Па што е загадувањето?

Воздухот кој не опкружува е загаден најмногу од чад, издувни гасови и честици од автомобилите, индустриски испуштања на гасови, тешки метали (познати и како надворешни загадувачи), па дури и емисии од едноставни домашни задачи како готвење и чистење (познати како внатрешни загадувачи).

Освен ако сте дел малиот процент од популацијата со генетски чувствителна кожа, тогаш иритациите како црвенило и чешање веројатно се предизвикани од еколошките агресори (загадување, УВ зраци, лошото време). Ова значи дека искусувате еколошки предизвикана реакција и вашата кожа привремено станува чувствителна.

Клучот за ублажување на реакциите е нега на кожата. Основната нега на чистење и хидратација на кожата е задолжителна. Високо препорачливи се брендовите кои користат природни и органски состојки, без вештачки парфеми.

Ако вашата кожа не покажува знаци на реакција не значи дека е имуна на ефектите на загадувањето. Загадувачите го зголемуваат бројот на слободни радикали во воздухот. Тие во комбинација со УВ зрачењете го намалуваат производството на колаген во кожата, што предизвикува губење на еластичноста на кожата. Губењето на еластичноста и даваат на кожата погруба тесктура и појава на брчки. Другите ефекти вклучуваат сушење на кожата, прерано стареење, осипи, егзема и акни.

Нега

Иако не можете целосно да ја заштитите кожата од загадувањето на воздухот можете да превземете мерки кои ќе го минимизираат ефектот. Пристапот за заштита од загадувањето треба да биде сличен како кон сонцето, превенцијата е најдобриот лек.

Најважната заштита против загадувањето е миење и чистење на лицето. Штетните честици во атмосферата се помали и до 20 пати од вашите пори, а длабокото чистење на кожата може да ги исчисти овие микроскопски честици пред да предизвикаат воспаленија и иритации. Клучот е во справување со загадувањето е да и обезбедите на вашата кожа активна хидратација, и доволно антиоксиданси кои кои ќе им се спротистават на слободните радикали. Воедно важно е да одберете козметика која ја почитува pH вредноста на кожата, овозможувајќи и оптимална нега.

Внимавајте и на вашиот режим на исхрана. Внесувајте доволно витамин Ц, А и Е, и антиоксиданси кои се борат со слободните радикали во телото, со што вашето тело се стреми кон заштита и намалување на оштетувањето на кожата. Внесувањето на доволно течности е уште еден клучен фактор за одржување на хидрацијата на телото, одржување на општото здравје на клетките и подобрување на циркулацијата.