Поленот може да предизвика инфаркт

104

Милиони луѓе во светот страдаат од поленска треска во сезоната на полен.

Нивната најголема загриженост најверојатно е како да се справат со настинката и чешањето на очите. Но, новите истражувања покажуваат дека реалните ризици за здравјето се многу сериозни.

Научниците истражуваат илјади срцеви кризи и открија дека инфарктите го достигнуваат својот врв за време на пролетната поленска треска.

Во просек инфарктите се зголемуваат за 16% во овој момент на годината. Ова е првата студија на хипотезата според која поленот може да доведе до фатални срцеви удари.

Според лекарите ризикот постои само кај луѓето со срцеви проблеми, но истражувањата во оваа област продолжуваат.