Климатските промени во светските мориња | Коралите во Австралија под стрес стануваат безбојни

1153
Големиот корален гребен

Големиот корален гребен во Австралија моментално доживува значително затоплување како резултат на климатските промени.

Поради тоа, научниците тврдат дека коралите се под стрес, ги исфрлаат алгите кои живеат во нив и кои им даваат боја и живот.

Ова е четврти пат во последните шест години да бидат откриени толку големи и широко распространети штети предизвикани од високите температури на морето.

Научниците, пишува Би-Би-Си, наведуваат дека е потребна итна акција во врска со климатските промени за да опстане најголемиот систем гребени во светот.

Имено, сето она што моментално се случува е последица на измерените температури на водата во делови од гребенот, кои биле и до 4°C над мартовскиот просек.

Необичен екосистем

Дел од Големиот корален гребен покажува знаци на белење на коралите.

Големиот корален гребен покрива повеќе од 2.300 километри крајбрежје и е најразновидниот екосистем во светот.

– Временските настани во наредните недели ќе останат непроменети, а ситуацијата и понатаму ќе биде сериозна поради избелувањето на коралите ширум морскиот парк, соопшти локалната служба за одржување на Големиот корален гребен.

Минатата година Австралија лобираше да се отстрани гребенот од списокот на светско наследство на УНЕСКО, кој е „во опасност“ бидејќи Австралија е меѓу богатите нации, но често е критикувана за силната поддршка на индустријата за фосилни горива.

Ова го потврдува и изјавата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој минатата недела ја издвои Австралија како некој што е во застој во посилните напори за намалување на емисиите на гас до 2030 година.

Големиот корален гребен пред стресот

Закрепнувањето е можно

Патем, избелувањето на коралите силно ја погоди туристичката индустрија и е удар за сите кои го сакаат ова неверојатно чудо на природата, кое е дом на огромна низа морски суштества.

Научниците, сепак, тврдат дека коралите можат да се опорават, но само доколку условите станат оптимални за овој специфичен екосистем.