2. Сфаќате дека многу малку нешта знаете за себеси
Во љубовните врски, луѓето многу често прават компромиси, поради што често забораваат кои навистина се и што сакаат од животот. Бидејќи не сте сакале да го разочарате вашиот партнер, сте го правеле она што тие го очекувале од вас за време на викендите, па дури и сте оделе на одмор, на дестинации коишто нив им се допаѓале.
Сега, време е да правите нешта коишто вие ги сакате. Можеби ќе сфатите дека не ви се допаѓа како е уреден вашиот стан, дека не сакате да готвите толку често или ќе дознаете дека не ви се оди толку често на планинарење, бидејќи вам повеќе ве привлекуваат песочните плажи.
3. Посветете повеќе време во мир и тишина
Се разбира, не секој може да си дозволи да отиде сам на патување на некоја далечна дестинација, како што тоа го прават многу ликови од филмовите. Меѓутоа, можете да пробате да јадете некоја нова интернационална кујна или да почнете да медитирате во удобноста на вашиот дом. Тамсен препорачува, да се „дисконектирате сами себе“. Тоа значи, дека треба секој ден да ги исклучувате сите електронски уреди, барем во времетраење од еден час и да инвестирате време во самотија и комплетна тишина. Тоа ќе ви овозможи да се фокусирате на длабоко дишење и запознавање на светот околу вас. На овој начин, ќе почнете длабински да откривате, што навистина вам ви е потребно.
4. Подобро е да сте сингл, отколку да се чувствувате сами во врската
Една од главните причини зошто луѓето остануваат во нездрави љубовни врски, е стравот од тоа да останат сами. Помислата да одите сами во кино, да вечерате во кафуле или да ги поминете викендите тотално сами, за некои луѓе звучи застрашувачки. Реалноста е, дека ние не се плашиме од помислата да бидеме физички сами, туку стравуваме од идејата да бидеме сами со нашите мисли и чувства.
Да се биде сингл, не е исто со тоа да се биде сам. Тоа не е болест, којашто треба да ја излекувате. Овој статус, е период во којшто ќе имате можност да откриете повеќе нешта за самите себе и да правите сè што отсекогаш сте посакувале.
Продолжува на страна 3


















