Нашиот карактер, интереси, позитивни и негативни карактеристики, избор на партнер во животот и т.н. во голема мера зависат од хороскопскиот знак, под кој сме родени.
Ако се уште не сте ја пронашле вашата сродна душа, видете каде има големи шанси тоа да се случи.
Огнените знаци
Во зодијакот огнените знаци се Овен, Лав и Стрелец . Претставниците на овие ѕвездени знаци се енергични, комуникативни и лесно создаваат социјални контакти. Бидејќи ја сакаат динамиката, спортот, имаат големи шанси да ја најдат својата сродна душа за време на патување или во салата за фитнес.
Карактеристично за огнените знаци е дека сакаат да се натпреваруваат, не сакаат да се на губитничката страна. Секогаш дејствуваат импулсивно и ја прикажуваат оваа своја карактеристика на места во кои се чувствуваат како во свои води.
Затоа, почитувани претставници на Овен, Лав и Стрелец , ако се уште не сте пронашле сродна душа, патувајте или почесто посетувајте ја спортската сала.
Земни знаци
Ако сте родени под знакот на Бик, Девица или Јарец, тогаш сте чувствителни, стабилни и практични личности. Повеќето од вас го нашле своето хоби. Имате шанса да сретнете сродна душа токму покрај вашето хоби.
Затоа не одложувајте и регистрирајте се на курс поврзан со хобито (на пример ако страста ви е кулинарство, фотографија и др.) или почесто препуштајте му се. Бидејќи сте многу социјални, може да го најдете балансот приклучувајќи се на групи кои се занимаваат со култура, патување, кулинарство и друго.
Треба да барате сродни души на места на кои сите ваши сетила ја чувствуваат позитивната енергија.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















