Воздушни знаци
Родените во знакот на Близнаци, Вага или Водолија се интелигентни, филозофски и аналитички настроени. Ако сте претставник на некој од овие хороскопски знаци, вашето внимание ќе биде привлечено од интересна личност со која разговорите ќе бидат возбудливи, некој кој не престанува да инспирира. Каде имате поголеми шанси да ја сретнете вашата сродна душа?
Бидејќи вие сакате да се развиете интелектуално и умот треба да е постојано зафатен со било какви интересни мисли, често се наоѓате во книжарници, библиотеки.
Таму како и на различни курсеви, семинари, театар, концерт, имате шанса да сретнете сродна душа. Избегнувајте ги местата со просечни луѓе.
Водени знаци
Имате силна интуиција и креативен дух, ако сте родени под знакот на Рак, Риби или Шкорпија . Вашата сродна душа ќе го привлече вниманието кон себе со почитта кон уметноста.
Може да ја сретнете на курс по танц, во музеј, театар, опера. Бидејќи ви треба време да се поврзете со некој емотивно, тогаш вашата околина е не помалку важна. Таа треба да ве мотивира, инспирира, да создава чувство на убавина.
Вашата сродна душа треба да споделува со вас исти интереси, да комуницира на возбудливи за вас теми, бидејќи добриот разговор ве прави среќни.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















