“Вијаграта” води до дијабетес и хипертензија

1024

Aко еден маж има проблеми со потенцијата и е решен да земе “Вијагра” или слично средство, треба да знае дека го чека разочарување.

Препаратот навистина ја крева сексуалната активност, но не и степенот на задоволство, изнесоа научници од Универзитетот во Манчестер. Дотолку повеќе, во присуство на еректилна дисфункција значително се зголемува ризикот од дијабетес и хипертензија.

“Вијаграта” го решава привремено проблемот со еректилната дисфункција, но не ја лекува.Научниците сметаат дека лекарите треба да ги достават веродостојни информации на пациентите за да бидат реални очекувањата. Исто така, треба да се земе предвид дека за задоволството од сексот влијаат и партнерката, психолошките и интерперсоналните фактори.

Британски научници го вршеле истражувањето на “Вијаграта” со 2 500 мажи на возраст од 50 до 87 години. Постарите мажи, кои го земале препаратот, навистина станале поактивни во споредба со мажите без еректилна дисфункција, но далеку почесто останувале незадоволни од интимниот живот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.