
Научниците ширум светот се тркаат да развијат иновативни решенија за огромниот проблем со загадувањето со пластика.
Јапонските научници развиле пластика која се разградува во морската вода за неколку часа, што би можело да биде решение за загадувањето на океаните кое го загрозува морскиот живот.
Експертите долго време експериментираат со биоразградлива пластика, а сега научниците од Центарот RIKEN и Универзитетот во Токио развиле ов материјал кој се распаѓа многу побрзо и не остава траги.
Во лабораторија во градот Waku, во близина на Токио, тимот демонстрирал како парче пластика исчезнува во базен со солена вода во кој стои околу еден час.
Учесниците не изнеле детален план за комерцијализација, но лидерот на тимот, Takuzo Aida, вели дека истражувањето привлекло значителен интерес, вклучително и од компаниите за пакување.
Научниците ширум светот се тркаат да развијат иновативни решенија за огромниот проблем со загадувањето со пластика, што е истакнато со кампањи како што е Светскиот ден на животната средина на 5 јуни.
Се очекува загадувањето со пластика да се зголеми тројно до 2040 година, предвидува Програмата за животна средина на ОН, што значи дека дополнителни 23 до 37 милиони кубни тони пластика ќе завршат во светските мориња секоја година.
Децата не можат да ја изберат планетата на која живеат. Наша должност како научници е да им оставиме најдобра можна животна средина како наследство, рече Aida.