Тајниот живот на Yakuza жените | Фото/Видео 

217

Каква е улогата на јакуза-жените, по што се разликуваат од типичното јапонско домаќинство и што ги прави посебни, се обидела да истражи фотографката Клое Џафе.

Јакузите се припадници на јапонска криминална организација и се најбројната криминална организација во светот. Се препознаваат по кратко потшишаната коса, тетоважите по целото тело и недостатокот на малиот прст на раката.

Фотографката Клои Џафе сакала да дознае нешто повеќе за жените омажени за јакузите, па пред неколку години ги сликала и го открила нивниот мистериозен живот.

Во јапонското општество ниту една жена не може сама да стане јакуза, но станува неприкосновен дел од кланот откако ќе се омажи за член на јакузите.

Сакајќи да дознае нешто повеќе за нив, Клои морала да најде начин да се пробие во кругот и да биде познато и пријателско лице на јакузите.

„Во работата нема ништо сексуално. Сè што требаше беше да се дотерам, да им служам саке на мажите и да ги слушам како разговараат“, рекла Клои за Би-би-си.

Таа сакала да ги фотографира жените и да ја сфати нивната улога во целата шема. Првата препрека што требало да ја совлада било стекнување доверба на луѓето од јакуза.

Домаќинството на јакузите изгледа како типично јапонско семејство. Мажите носат одлуки, а жените ги следат.

Она по што се разликуваат, вели Клои, е дека не знаат дали нивниот маж вечерта ќе се врати дома.

„Улогата на жените на јакузите е улога на консултант, готвач и финансиски контролер. Секако, улогата која секоја жена ја игра во кланот е далеку посразмерна на хиерархијата на нејзиниот маж“, објаснува Клои.

Таа на крај успеала да ги фотографира жените на јакузите откако ја стекнала довербата на нивните мажи.

Меѓу највпечатливите карактеристики на нејзините фотографии се тетоважите кои ги красат телата на жените. Тетоважите се повеќе од естетски уметнички дела на телото, тие за јакузите се заштита, но не се наменети за покажување.

Една од најважните фотографии што ги направила Клои е емотивниот момент меѓу еден пар.

„Сите разговараа и во еден момент мажот стана, тргна кон својата жена и ја прегрна со солзи во очите“, рекла Клои.