Никола Зацески со преработка на безвременската “Лихнида” | Видео

1250

По повеќе месечна работа, во етер е новиот сингл на Никола Зацески, преработка на прекрасната песна “Лихнида” на Ефто Пупиновски.

“Длабоко од моето срце и душа произлезе инспирацијата за овој проект, а особено ми е драгоцен бидејќи и јас ќе дадам мал допринос во збогатувањето на нашиот мозаик на македонски песни, кои треба веќно да бидат препевувани и слушани од сите наши нови генерации. Се надевам ќе уживате во нашата магична бајка” – Никола Зацески.

Музика – Ефто Пупиновски

Текст – Мирослав Кузман

Аранжман – Миодраг Божиновски

Лихнида преработка:

Музика – Никола Мицевски

Оркестрација – Никола Мицевски, студио XL Момироски

Видео продукција – Creatix Production

Видео монтажа – Даниел Јовески