Подмладената ракометна репрезентација утре стартува против Јапонија

65

Македонскиот селектор Раул Гонзалез се реши за малку поинаков состав на нашата национална селекција, од она на кое што бевме навикнати во последните години.

Колку овој чекор на Гонзалез ќе влијае на играта на репрезентацијата, ќе покажат натпреварите на претстојниот Мундијал што ќе го почнеме во Германија, а се игра во оваа земја и во Данска каде што ќе се одигра завршницата.

Филип Миркуловски се откажа, го нема Ацо Јоновски, ги нема Никола Марковски, Гоце Ојлески и натурализираниот Немања Прибак.

На поширокиот список се 22 имиња, од кои 16 ќе патуваат за Германија, а 14 имаат право да бидат на клупата, со тоа што две имиња може да се ротираат на секој натпревар.

Ова се ракометарите кои ќе не преставуваат на Светското првенство во Германија и Данска 

Мартин Томовски, Борко Ристовски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Филип Лазаров, Филип Талески, Мартин Серафимовски, Велко Маркоски, Златко Даскалоски, Кирил Лазаров, Горан Крстевски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Филип Чурлевски, Димитар Димитриоски, Томислав Јагуриновски, Милан Лазаревски и Ласко Андоновски.

Распоред на натпреварите

11 јануари 2019 : Македонија – Јапонија

13 јануари 2019 : Македонија -Бахреин

14 јануари 2019 : Македонија -Хрватска

16 јануари 2019 : Македонија -Шпанија

18 јануари 2019 : Македонија -Исланд

macedoniahandball.com.mk