Моќта на потсвеста | Еве што точно се случува кога интензивно размислуваме за нешто …!

150

Ако чувствуваме болка на физичко ниво или мислиме дека во животот ни оди се наопаку, незадоволни сме, лути, депресивни – тоа е знак, но и предупредување, дека грешиме некаде и дека треба да побараме помош.

Ако го игнорираме предупредувањето, болката ќе стане посилна.

Ние често прибегнуваме кон средствата против болката и / или кон некои други помошни средства за да ги прекинеме нашите чувства на физичко, емоционално или ментално ниво.

Не е лошо ако истовремено ја третираме основната причина за болка. Инаку, болеста се шири. Туѓите проблеми секогаш подобро ги согледуваме, бидејќи ретко забележуваме каде грешиме. Секогаш подобро тоа може да го воочи нашата околина.

Реики е вештина која нѝ помага енергетски да откриеме дека проблемот постои, а потоа можеме да најдеме каде се повредите, каде е причината, какви се и кои се последиците и како можеме да си помогнеме во лекувањето.

Секој од нас, како што добива енергија, така и ја пренесува, свесно или несвесно, од околината во која се наоѓа. Се разбира, ако го знаеме тоа, тогаш треба да научиме што сакаме да примиме, а што не, но и што сакаме да направиме, а што не. Имено, сè што даваме нѝ се враќа.

За свесно пренесување на енергија со цел да се лекува, мора да се поседува одредено знаење, но исто така, и одредени морални и етички вредности. Впрочем, сите луѓе, ама баш сите, треба да го освестат фактот дека сите ние сме целина и дека она што доживува еден човек, не може да го допре другиот. Реики е вештина која нѝ помага во тоа, преку разбирање на универзалната животна енергија.

Кога ќе се придвижи универзалната животна енергија таа ќе тече низ нашите мали чакри на нашите дланки и нозе. Со полагање на дланките од рацете на делови од нашето тело доаѓа до напојување на нашиот ум и тело со оптимална животна енергија, лекување, балансирање на нашите енергетски системи и зајакнување на одбранбените механизми што резултира со подобрување на сеопфатните аспекти на нашиот живот.

Продолжува на страна 2