Тоа подразбира самотретман на прво ниво и лекување на другите и на самите себе на следните нивоа, почнувајќи веќе од другиот. Ние, исто така, можеме да ги излечиме животните, растенијата и нашата животна околина.
Дарот на овој процес е можноста за повторно воспоставување на склад со себе и со околината што нè носи во мир и спокојство. Исто така, учењето кое го носи реики нѝ помага подобро да го разбереме животот и сè она што го сочинува. Умот е центарот на нашите животни функции и како што велиме “Ние сме она што јадеме” на физичко ниво, а исто така “Ние сме она што мислиме” на ментален, емоционален, енергетски план!
Тоа значи дека мислите кои ги проектираме и емоционалните реакции кои тие ги предизвикуваат влијаат врз структурата на нашиот ум. Нашето тело, а и нашиот живот се одраз на нашиот ум.
Мислите се лесна енергија, додека некој цврст предмет е цврста енергија, сфаќајќи дека разликата е само во треперење на енергијата, заклучуваме дека тие се во основа исто одн. чиста енергија. Што значи дека можеме да делуваме со мислите и на лажицата и да ја смениме нејзината структура, познати се примери на телекинезата и психокинезата. Ако можеме да го направиме тоа што е тогаш нашиот живот.
Електро-магнетното поле на Земјата како главен енергетски организам во кој се наоѓаме и чија сме една мала енергетска клетка има свои законитости. Тоа не е чичко кој седи на облакот и ги сумира нашите добри и лоши работи за да не награди или да не казни во зависност од нашите резултати.
Тоа е математичко-енергетски систем кој функционира според принципот на пренесување на енергетски информации кои го има својот одраз во Универзумот така и како одраз во нашето био поле, а со тоа и во нашиот живот.
Кога интензивно мислиме за нешто, истовремено го испраќаме енергетскиот запис кој го презема био полето околу нас. Таа информација се декодира како слика, а бидејќи тој голем енергетски систем не е емоционално битие, не може да се знае дали тоа е нашето предвидување, тага, желба или потреба. Бидејќи е во служба на нас, тоа поле ја реализира таа слика.
Продолжува на страна 3


















