Според новото истражување брадестите мажи се повеќе склони да се однесуваат сексистички со жените, во споредба со беспрекорно избричените претставници на посилниот пол.
Не е јасно како, но научниците сметаат дека влакната од лицето на мажите ги тера да се однесуваат понепријателски и агресивно кон дамите.
Една од теориите е дека брадите даваат чувство на машкост, сила, мудрост и доминација, што објаснува во голема мера зошто мажите во муслиманскиот свет (90% од кои се со бради) го сметаат женскиот род за понизок вид.
Во австралиското истражување учествувале мажи на возраст меѓу 18 и 72 години. Се покажало дека две третини од модерните брадести хипстери биле негативно настроени кон дамите, делејќи различни патријархални ставови.
Беспрекорно избричените мажи се покажале значително подобронамерни кон дамите и повеќе склони на џентлменски манифестации.
Според една статија во списанието Archives of Sexual Behavior, друго објаснување за овој факт може да се крие во дејството на тестостеронот.
Брадестите мажи имаат повисоки нивоа на тој хормон во крвта, а тој провоцира агресија. Освен тоа брадестите мажи се сметаат за “мачо” и тие од своја страна се чувствуваат обврзани да бидат на височините на очекувањата, односно да се женкари.
Според претходните истражувања, мажите со бради се со поголема веројатност да ја изневеруваат на партнерката, иако жените не ги сметаат за попривлечни од господата без брада.
Истражувањата покажуваат дека на понежната половина од човештвото ѝ се допаѓаат мажи со до тридневна брада во стилот Дејвид Бекам или Бред Пит.
Многу малку жени се љубители на долгата брада, што донекаде го остарува мажот.