Сѐ повеќе трудници страдаат од депресија

53

Она што традиционално го нарекуваме постпородилна депресија всушност започнува во третото тримесечије.

Поголема е веројатноста денешните бремени жени да страдаат од депресија отколку нивните мајки, покажало новото британско истражување.
Стресот на модерниот свет, можеби е двигател за ова зголемување, вели водителот на истражувањето Rebecca Pearson, експерт за психијатриска епидемиологија на Универзитетот во Бристол во Велика Британија.

“Нашите податоци покажуваат дека симптомите кои се поврзани со зголемувањето на бројот на депресии се однесуваат на стресот и чувството на заситеност и анксиозност отколку на чувството на недостаток на мотивација или незаинтересираност“, вели Пирсон. “Таа ги поддржува теориите дека е можно дека се работи за последицата од забрзаниот современ свет”.

Додека постпарталната депресија е добро познат проблем, последната деценија сѐ повеќе внимание се посветува на симптомите кои се јавуваат пред да се роди бебето, вели д-р Priya Gopalan, психијатар од болница за гинекологија Magee на Универзитетот во Питсбург.

“Она што традиционално го нарекувавме постпородилна депресија, всушност, започнува во третиот квартал”, вели Gopalan која не учествувала во истражувањето. “Таа промена помогнала да се отстранат митовите дека бременоста е најсреќното време за сите мајки”.

Според истражувањето чии резултати се објавени во списанието JAMA Network Open истражувачкиот тим споредил 2.390 жени кои родиле во почетокот на 1990-тите години со 180 жени од следната генерација, кои биле или ќерки или снаи на мајките од првата група. Просечната возраст на жените во двете групи била помеѓу 22 и 23 години.

Продолжува на страна 2