Дури на 27 години почнуваме да ги цениме своите родители

540

Родителите навистина почнуваме да ги цениме дури во 27. година од животот, десет години по тинејџерските кавги, покажуваат резултатите од најновото истражување, спроведено во Велика Британија.

Студијата, која се занимавала со проучување на чувствата на децата и на нивните ставови во однос на семејството, покажува дека по бурниот тинејџерски период потребно е дури цела деценија за да почнеме да ги цениме родителите.

Во истражувањето се испитани различни состојби во односот родител-дете, а резултатите покажале дека тинејџерите со наполнети 14 години почнуваат да согледуваат дека нивните родители се ранливи, но сепак повеќето не ги запознаваат своите родители како личности се до 27. година.

Истражувањето во кое учествувале две илјади британски семејства покажало дека чувството на благодарност кон родителите, најчесто се јавува, откако своето растење ќе го споредиме со нивното.

Само еден од четворица испитаници изјавиле дека ги почитувале и ценеле своите родители во тинејџерските години, а три четвртини од нив признаваат дека не ги почитувале доволно родителите во тие бурни години.

Според истражувањето, начинот на кој ги цениме родителите во голема мера зависи од полот. Како возрасни личности, два пати повеќе жени, отколку мажи ќе им се обратат на родителите за помош, без разлика дали станува збор за финансиски потешкотии или за некои други лични проблеми. Од друга страна возрасните мажи поретко ќе се одлучат да ги прашаат своите родители за совет.

Резултатите исто така покажале дека жените, повеќе од мажите, развиваат поголема почит кон своите родители, откако и самите ќе формираат семејство. Мажите својот став кон родителите го менуваат најчесто при отселувањето од дома или при пронаоѓањето на првата работа.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување