Научете како да подготвите пилешко на медитерански начин по нашиот видео рецепт.
Денешната домашна кокошка потекнува од источноазиската дива кокошка банкива која е припитомена најверојатно пред 5.000 години.

Но за овој рецепт не ја искористивме баш таа кокошка, туку неговото многу помладо потомство, и го збогативме со домати, моцарела, пршута, вино …
Потребни состојки
- 1,5 кг пилешко парче,
- 3 чешне лук,
- 800 гр доматно пире,
- 1 кранче свеж рузмарин,
- 100 гр црни маслинки без семка,
- 250 гр сирење моцарела,
- сол и бибер (свежо мелен)
- 1 кромид,
- 1 лажица шеќер,
- 500 мл бело суво вино
- 1 лажица мајчина душица,
- 100 гр пршута,
- екстра девствено маслиново масло.
Упатство по чекори
- Изрендајте моцарела, посолете го пилешкото, преполовете ги маслинките, исечете го пршутот на ленти и исечкајте го кромидот.
- Во тава на 2-3 лажици загреано масло, додадете го исечканиот кромид, мелен лук, промешајте и пржете 1-2 минути. Потоа додадете го доматното пире, мајчина душица, гранче рузмарин, шеќер, промешајте и варете на тивок оган.
- Во меѓувреме, во посебна тава, на 2-3 лажици загреано масло, додадете парчиња пилешко и пржете го од сите страни.
- По 15-тина минути, тргнете ја тавата со сосот од оган, и додајте ги лентите од пршута, преполовените маслинки, го додаваме виното и варете го на среден оган, повремено превртувајте го месото.
- По околу 10 минути готвење, префрлете го пилешкото во огноотпорен сад, а во течноста од варењето истурете го сосот од доматите, промешајте и со добиената мешавина прелијте го пилешкото.
- Потоа посипете со рендана моцарела и ставете ја во рерна, загреана на 180 ° C околу 10 минути.
- Готовото пилешко месо наредете го во чинии, зачинете го со свежо мелен пипер и послужете го.