Една е мајка

1065

Жената која што те носи 9 месеци во својата утроба, жената која можеби е строга кон тебе, но те сака со сето свое срце.

Таа жена е жената која што би ги дала и последните 100 денари, но само вас да ве задоволи, жената која што секогаш ве гушка со цела нејзина сила, ве бакнува, само таа жена ве сака повеќе од својот живот.

Жената која што никогаш не би сакала да пораснете, цел живот би сакала да сте она малечко нешто, жената која што кога плачете вие и таа плаче со вас, кога се смеете вие и таа се смее со вас.

Жената која што 100 пати ќе те побара во денот да те праша што правиш?

– Тоа е жената која што живее за нас, за нашата среќа, која што се прави за да ја погоди нашата среќа, ние да бидеме среќни. Таа ќе биде секогаш со нас и во добро и во лошо и никогаш нема да ни го заврти грбот.

ЕДНА е МAJKA, и Мајката е најважното нешто, најдобриот другар во животот на секое дете, една и единствена. Една жена што нѐ сака ЗАСЕКОГАШ!