Драги мајки, дозволете им на своите момчиња да плачат

463

Плачењето не е резервирано само за девојчињата и родителите кои им забрануваат на своите синови да плачат прават големи грешки, тврдат психолозите.

Плачењето не е резервирано само за девојчињата и родителите кои им бранат на своите синови да плачат прават голема грешка. Особено е важен периодот на созревање во училиштето, меѓу шесттата и седмата година, бидејќи тогаш почнуваат да ги прифаќаат општествените норми и правила, меѓу кое е и тоа дека солзите се знак на слабост, мажите мораат да бидат силни и никогаш не смеат да плачат.

На таа возраст татковците се главен пример за синовите, а во нормалните околности речиси е невозможно да се видат солзи во очите на таткото. Поради желба да се идентификувсат со нив и да станат вистински мажи, момчињата ги задржуваат солзите, а кога не можат а се контролираат и им подлегнуваат на емоциите, потоа чувствуваат срам дека згрешиле и испаднале слабаци.

Како што расте детето има помала потреба да плаче поради секоја ситница, што значи дека станува позрело и не доживува се толку емотивно. Пофалете го поради тоа, но важно е да го научите дека солзите не се знак на слабост.

Доколку детето верува во тоа и ги крие солзите или ги задржува, покажете му снимки и слики од познати мажи, спортски јунаци, кои без страв ги покажуваат своите емоции.

Не е лесно да се канализираат емоциите, особено кај момчињата, бидејќи од нив се очекува да бидат помалку чувствителни од девојчињата. Среќните и возбудливи настани исто така го креваат адреналинот, а солзите радосници се одличен издувен вентил преку кој организмот се ослободува од тензиите. Освен тоа тие ја чистат душата и ги лекуваат емоционалните рани.

Во тешките ситуации родителите, а пред се таткото како главен пример на машкото дете, би требало да го прегрне својот син и да му дозволи да плаче колку сака, нагласуваат психолозите.

Зборовите „исплачи се ќе ти биде полесно“ дејствуваат мошне лековито и го бришат чувството на срам кај момчињата. На таа возраст поддршката на таткото и утехата се многу поважни од нежната прегратка на мајката, бидејќи од седмата година момчињата почнуваат да се осамостојуваат од мајчината заштитничка прегратка, обидувајќи се да го изградат машкиот идентитет.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување