Брзото јадење носи брза наслада и веднаш задоволство, што ги прави луѓето помирни и лажно сити.
Да ѕирнеме подлабоко во човечкото тело, за да видиме како точно брзата храна му штети!
Пред да проговориме за штетата по здравјето од брзата храна, мора да се напомене дека овој тип ресторани лажно оставаат чувство за евтина и заситувачка храна.
Одделно составните делови на менито изгледаат евтино, но само со еден сендвич не можете да се заситите, нели?
Затоа треба да земете дополнителни додатоци или целосен мени оброк со вклучени гарнири и пијалаци. Често пати дури и едно мени не може да ве засити.
Така наместо да ја преферирате малку поскапата ресторанска храна подготвена на правилен начин, вие ја избирате брзата и лажно евтина, која на крајот влијае и на здравствените процеси во телото.
Ве прави уште повеќе гладни
Состојките во брзата храна се создадени и за да ве натераат да огладнете скоро по консумирањето. Синџирите за брза храна користат опасни состојки, како што се натриум глутамат кои докажано имаат својство да го предизвикуваат апетитот, и кој влијае на секрецијата на инсулин од панкреасот.
Сами можете да погодите какви последици има тоа за здравјето во наредната фаза.
Освен тоа, веројатно сте забележале како сите синџири за брза храна синџири се обложуваат на боите во рекламните амблеми. Трговската шема не е случајна. Истражувањата покажаа дека комбинацијата од црвено и жолто помага за поттикнување на метаболизмот и зголемување на чувството за глад.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продоложува на страна 2



















