Јапонија: Масовни тужби против производителите на вакцини и Владата – Застрашувачки последици | Видео

616

Јапонската Влада, чесна е барем толку, што препораката за спорната вакцина ја повлекла, додека некои Влади ја форсираат непроверената вакцина без последици!

Од јули минатата година, вкупно 119 девојки и жени во Јапонија поднеле тужби против јапонската влада и двата производители на вакцината против хуманиот папилома вирус (ХПВ), компанијата GlaxoSmithKline и Merck Sharp & Dohme Corp.Според тужбите, ХПВ вакцината уништила животи на илјадници девојчиња и жени кои по вакцината имале сериозни последици и затоа бараат надомест на штета.

Некои од најновите случаи се 28 девојки на возраст од 15 до 22 години кои по примањето на вакцината развиле големи здравствени проблеми, хронична болка во сите делови на телото, намалена подвижност, страшна болка во абдоминалниот дел, итн

Тие жени не само што поднеле тужба против производителите на вакцината туку ја обвинуваат и јапонската Влада затоа што ја одобрила вакцината без проверка.

Една млада жена по име Erin Sonoda, 20-годишна студентка, за The Japan Times изјавила дека, по примањето на вакцината развила страшна менструална болка, по втората вакцинација, но, на тоа не застанало.

Освен што се соочувала со ужасна болка во абдоминалниот дел по последната вакцинација развила и страшни болки и во останатиот дел од телото и има големи потешкотии при одење, а често мора да користи и инвалидска количка.

“Почувствував акутна болка. Како некој да ги притиска внатрешните органи. Секој ден е се полошо, а стигнав до таму што не можам да се движам”, вели Sonda додека седи во инвалидска количка. Sonda од производителот бара надомест на штетата за своите повреди и уништен квалитет на животот.

“Сакам Владата сериозно да ја преземе одговорноста за жените кои се соочуваат со ужасните страдања од вакцинацијата која ја одобриле без било каква проверка”.

Интересно е дека од 2013. година само во Јапонија, 3.000 Јапонки пријавиле сериозни несакани ефекти од оваа вакцина.

Многу жени како Sondа страдаат од различни физички проблеми, а јапонската влада се соочува со голем број на жалби од жени и девојки кои тврдат дека нивните животи целосно се промениле по оваа вакцина, останале целосно неподвижни и потребна им е константна медицинска нега.

Тие истакнуваат дека нивните животи се неповратно уништени по вакцинацијата со вакцината, која требала да го спречи ракот на грлото на матката.

Иако јапонската Влада како и производителите на оваа вакцина, GSK и MERC негираат дека овие ужасни несакани ефекти се ефекти од вакцината, јапонската влада уште во 2013 година, само два месеци откако ја препорачале вакцината на граѓаните, препораката итно ја повлекла.

Причината за ова е токму фактот дека илјадници жени пријавиле опасни несакани ефекти и тужбите само се слевале. Јапонската Влада всушност потврдува дека 2945 жени пријавиле сериозни несакани реакции и затоа ја повлекле својата препорака, но во исто време тврдат дека несаканите ефекти се многу ретки.