Почина Димитар Чемков-Циме

2207

Синоќа ненадејно не напушти нашиот колега и пријател-доајенот на македонското музичко новинарство Димитар Чемков-Циме.

Роден е на 2-ри февруари 1942 та година.

37 години како музички новинар и уредник беше дел од музичката редакција на Македонско Радио – Радио Скопје.

Водител на популарни емисии меѓу кои – Поп албум -, – Поп контакт -, – Поп телекс -, – Најдоброто од … -.

Музички критичар, рецензент и коментатор на многу музички настани и фестивали како што се – Скопски забавен фестивал -, – Избор за песна на Евровизија – , – Макфест -, – Евро фест-, – Скопски џез фестивал -, – Цветници -, – Валандово -, – Охрид фест -.

Автор на 70на забавни и новосоздадени фолклорни композиции.
Член на двете најпопуларни рок групи во 60те – Бисери – и – Биз-Бес -.

Почивај во мир….Циме…

Синоќа ненадејно не напушти нашиот колега и пријател-доајенот на македонското музичко новинарство Димитар…

Gepostet von Biljana Nikolovska am Freitag, 8. Februar 2019