Ерекцијата е нешто што го поврзуваме со мажите и сексот. Тоа обично се случува кога мажот ќе се возбуди при погледот на сакана жена или само при помислата за неа.
Ерекцијата сепак може да се случи и во многу други неочекувани моменти, некои дури неосвестени.
Еве што уште не знаеме за машката ерекција!
Ерекција може да има уште пред раѓањето
Да, можно е бебето да добие ерекција во стомакот на мајката уште пред да се роди. Такви феномени биле забележани повеќе пати на виде. Тие немаат ништо заедничко со осознаената сексуалност, се разбира. Целосно рефлексни се и се физички неконтролирани.
Ерекција се добива и во сон
Овој вид ерекција исто е неосозната. Таа се случува потсвесно за време на спиењето на мажот. Еден човек може да добие до 3 полноќни ерекции, кои дури и не е задолжително да бидат предизвикани од влажните соништа.
Полноќните ерекции се компензаторен механизам на телото, кој обезбедува доволно кислород во ткивата на пенисот, за да го заштитат од оштетување. Кислородот настапува благодарение на зголемената циркулација во овој момент.
Продолжува на страна 2



















