Еве што предизвикува брзата храна во телото и мозокот

1750

Ве прави депресивни

Канадски истражувачи правеле истражување врз глувци, следејќи ја појавата и ширењето на анксиозноста по раскошна потрошувачка на масти. Резултатите покажале дека 6 недели по потрошувачката на богата храна со масти, глувците започнале да покажуваат симптоми на зголемена анксиозност.

Причината е дека консумирањето на храна со висока содржина на шеќери и масти ја менува хемиската активност на мозокот, што доведува до зголемување на симптомите на депресија.

Доведува до зависност

Дури и да не ви се верува, штетната брза храна води до зависност. Тоа го утврдиле научниците од Scripps Research Institute. Тие спроведоа повторно истражување врз глувци, хранети со храна богата со масти и слатка диета.

Сите состојки на производите од менито во рестораните за брза храна биле вклучени.

Големите количини од овие супстанции довеле до нападна желба за прејадување. Се отклучиле механизми во мозокот слични на оние кај зависностите.

Кога научниците погледнале во мозокот на животните откриле дека глодарите кои изеле бисквити со крем покажале поголемо интензивирање на центрите за волјата, кои се активираат при земање на дрога.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.